– Играчот за врска на Арсенал, Ејнсли Мејтланд – Најлс најави денеска дека ова лето ќе се раздели со својот долгогодишен клуб.
Мејтланд – Најлс, кој потекнува од академијата на Арсенал, на 132 натпревари постигна три голови за лондонскиот премиерлигаш, а оваа сезона настапува како позајмен фудбалер на Саутемптон.
„Тоа за мене беше одличен почетокот на кариерата, но сега на мојот престој во Арсенал се ближи крајот. Време е за нешто ново, да пронајдам нов дом“, изјави 25-годишниот фудбалер.
„Гледам во иднината, но во исто време сакам максимално да му помогнам на Саутемптон во борбата за опстанок. Целосно сум фокусиран на тоа екипата да преживее, се трудам да останам позитивен и да победуваме“, додаде Мејтланд – Најлс.