Меџити: Албанските празници во ноември ќе ги одбележиме достоинствено

Првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека централната и локалната власт достоинствено ќе ги одбележат ноемвриските празници, кои ќе кулминираат со одбележување на Денот на азбуката.

„Значи, како што беше потпишан Охридскиот договор, со свечени средби и други активности, сега во соработка со општините, и со ИТШКШ, со Музејот на азбуката и културните институции, направена е разновидна програма која на достоинствен, скромен, но инклузивен за одбележување на ноемвриските празници, акцентот ќе биде ставен на празникот на азбуката, што е сенародна вредност“, рече Меџити.

Тој додаде дека во наредните денови ќе биде обелоденета и програмата за активности што ќе се одвиваат во Скопје, Битола и секаде каде што живеат Албанци, почнувајќи од централната па сè до локалната власт.

Потсетуваме дека 22 ноември е и државен празник на Албанците од Северна Македонија по повод Денот на албанската азбука.