Шефот на Демократскиот сојуз, Изет Меџити, вели дека ВЛЕН е победник во албанскиот политички блок во Македонија и дека според него, победникот преговара со победникот за новата влада.
„За новата влада во Македонија, победникот преговара со победникот. ВЛЕН, како коалиција на здружената албанска опозиција, на парламентарните избори на 8 мај беше потврден како носител на етничкиот легитимитет на албанските гласачи“.
„Затоа, токму ВЛЕН го врати принципот „победник со победник“ кој го прекрши ДУИ во 2016 година, бидејќи денес само ВЛЕН е легитимен претставник на албанското мнозинство во Македонија. Со ова се аболицираат сите дилеми кој има легитимитет да формира влада по изборите на 8 мај“, напиша Меџити.