Првиот вицепремиер Изет Меџити за „Алсат“ изјави дека последните интерпелации поднесени од ДУИ се обид да се диктира политичкиот дискурс и да се одржи власта.
“ДУИ на секој начин се обидува да се прикаже како релевантен фактор и да го диктира политичкиот курс во државата. Но, колку повеќе се трудат, толку е појасно дека целта и интересот им се само власта и владините фотелји“, изјави Меџити.
Тој вели дека новата албанска политичка коалиција ги претставува Албанците во Владата, додека ДУИ по 22 години сега е опозициска партија.
„Знам, не е лесно да се прифати фактот дека го скршивме митот дека ДУИ ќе биде вечно на власт, но ова е политика – кога мислиш дека си добил најмногу, всушност најмногу си изгубил“, рече Меџити.