Министерот за здравство Фатмир Меџити учествуваше на првата министерска конференција на 28. Конференција на страните на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, што се одржува од 30 ноември до 12 декември во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (ЕБА) .
Маџити нагласува дека целта на овој министерски состанок на кој учествуваат над 100 земји од светот е обединување на активностите и пристапите кон климатските промени на глобално ниво.
Во рамките на COP28, министерот Меџити оствари средба и со министерот за здравство на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Рахман Бин Мохамед Аловаис, што исто така за прв пат се случува меѓу министрите на Македонија и Обединетите Арапски Емирати.
„На средбата покажавме ентузијазам за соработка, со која беше одлучено да се формира комисија во рамките на двете министерства која ќе работи на изработка на Меморандумот за соработка. Овој Меморандум ќе ја зајакне соработката во областа на здравството, со цел меѓусебна размена на искуства и знаења за унапредување на здравствените системи во двете земји“, вели Меџити.