Вицепремиерот Изет Меџити одби да ја коментира изјавата за тоа каде се наоѓа поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Иако за медиумите во Албанија изјави дека Груби е во Албанија, Меџити не даде дополнителни појаснувања.
„Сега има многу информации, но важно е дека политиката даде наредба никој да не е над законот, секој што го прекршил законот мора да одговара. Борбата против корупцијата ќе биде бескомпромисна, а останатата работа останува на МВР и на органите на правдата“, рече меѓу другото Меџити.
Прашан како ги коментира изјавите на СДСМ кои велат дека бегството на Груби го организирале ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Меџити рече:
Сега нема да коментира за ова, тоа е шпекулативна работа, но важно е дека се враќа правната држава, доаѓа ветерот на државата“, додаде Меџити.