Изет Меџити од ВЛЕН одржа состанок со други кандидати за општините во Скопје, откако победи на трката на 19 октомври.
Тој ја прослави својата победа и победата на другите кандидати, изјавувајќи дека постигнатата победа не е случајност, туку резултат на напорна работа.
„Победата што ја постигнавме не е случајност, туку резултат на работата, посветеноста и довербата што ја изградивме заедно. Тоа е победа на нашата структура и активисти, на луѓето кои стоеја во секој агол на Чаир, кои ја претворија нашата енергија и визија во вистинска граѓанска победа“, изјави Меџити.
Тој додаде „дека секој час работа, секој чекор и секој напор на тимот имал значење, бидејќи оваа победа е изградена врз чисти вредности, со вера и љубов кон Чаир“.
Меџити изрази благодарност до своите соработници кои ја овозможија победата на коалицијата ВЛЕН.