Првиот вицепремиер на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, реагираше на критиките што новиот Закон за правична застапеност ги доби од опозициските партии.
„Без закон, договорите, вработувањето, одлуките и условите на Албанците ги контролираат шерифите од Мала Речица.
Според законот, на секој Албанец му се дава еднаква шанса за вработување во администрацијата. Шерифите од Речица е Мала остануваат без работа. Затоа се против тоа!“, пишува Меџити.
Инаку, се очекува овој Закон утре да помине на владина седница, а потоа да биде испратен на мислење до Венецијанската комисија.