„МЕ РСТАЖУВА ГОЛЕМИОТ БРОЈ НА ИЗГУБЕНИ ДЕТСКИ ЖИВОТИ“: И Пленковиќ испрати ЈАСНА ПОРАКА во врска со ТРАГЕДИЈАТА во Србија

Масакрот за кој зборува Пленковиќ се случи денеска во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

Премиерот Андреј Пленковиќ упати сочувство до српската премиерка Ана Брнабиќ за масакрот во белградското основно училиште, истакнувајќи дека е тажен поради толку голем број изгубени детски животи.

Прифатете го моето искрено сочувство за масовното пукање во основното училиште во Белград. Изразуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите, а на ранетите им посакуваме брзо закрепнување“, се вели во писмото на Пленковиќ, а пренесува Index.hr.

Да потсетиме , масакрот за кој зборува Пленковиќ се случи денеска во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Според досегашните информации, бројот на загинати е девет, а седуммина се ранети.