МЗШВ: Усвоена програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година вредна 1,3 милијарди денари
Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, со вкупна вредност од 1,3 милијарди денари.
Програмата за поддршка на руралниот развој прераснува во инвестициона програма со која се помага развојот и модернизацијата на домашното земјоделство, развојот и подобрувањето на условите за живот во селата.
Земјоделците преку новата мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството добиваат можност со јавен повик отворен во текот на целата година сами да одберат за каква инвестиција ќе аплицирааат. Преку оваа мерка ставаме на располагање неповратен грат до 10.000 евра за модернизација и развој на македонското земјоделство.
Продолжуваме со поддршката за младите земјоделци кој сакаат да започнат со земјоделска дејност преку грантот од 10.000 евра кој може да се исплати авасно до 40%, како неповратна финансиска поддршка за започнување со земјоделска дејност на млади земјоделци, кои за прв пат започнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство.
Со мерката поддршка за поттикнување на земјоделско производство обезбедуваме грант до 20.000 евра како неповратна финансиска помош наменета за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на семејните земјоделски стопанства. Овозможивме услови корисниците на оваа мерка поддршката да можат авансно да ја добијат до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ.
Продолжува и поддршката за руралните жени евидентирани во ЕРЗС, преку мерката за поддршка на активен женски член во земјоделско домаќинство, каде е обезбедена грант поддршка до 6.000 евра како неповратна финансиска поддршка за инвестиции кои ќе допринесат за развој на руралните средини.
Програмата за финасиска поддршка на руралниот развој обезбедува поддршка за обуки и информирање на земјоделските производители, зајакнување на нивната соработка и поттикнување за економско здружување на земјоделските стопанства преку развој и поддршка на земјоделските задруги.
Обезбедена е финасиска поддршка за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики, како и поддршка за подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, обнова и развој на македонските села.
Програмата за рурален развој обезбедува и поддршка за меѓународна промоција на македонските земјоделски производи преку учество на саеми и промотивни настани со цел отворање на нови пазари за пласман на домашните земјоделски производи.
Како успешна мерка и оваа година продолжува поддршката за авионско засејување на облаците. Мерка која има за цел превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделските посеви.
Обезбедени се средства за непречено извршување на активностите на Националната рурална мрежа, која е нова платформа, алатка по европски терк за информирање која на едно место им нуди на земјоделците информации за сите мерки и активности кои им се ставени на располагање.
Како министерство креираме конкретни мерки за поддршка, развој и модернизација на македонското земјоделство.