МЗ во Газа: За еден час загинаа најмалку 50 луѓе во гранатирањата на израелската армија

–  Министерството за здравство во Газа соопшти дека најмалку 50 луѓе биле убиени денеска за еден час од засилените израелски напади врз Појасот Газа.

„Израелската окупација ја прошири својата цел на повеќе области во Појасот Газа, убивајќи околу 50 луѓе во текот на изминатиот час“, нагласи портпаролот на Министерството за здравство во соопштение објавено вечерва.

Засега нема потврда од независни извори за таа цифра, наведуваат западни медиуми.