Министерството за здравство соопштува дека за една недела, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, кај матичен лекар се јавиле 2.443 пациенти со хронични заболувања и биле препишани 5.412 рецепти за хронична терапија.
„Министерството за здравство во рамките на новитетите во примарната здравствена заштита овозможи терапијата што ја препишуваат специјалисти сега да ја препишува матичниот лекар. Станува збор за суштинска иновација која го зголемува процесот на давање здравствени услуги на пациентите и здравствените работници“, велат од Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека за таа цел е донесена нова Регулатива со која се опфатени пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидната жлезда и хипертензија, кои сега наместо лекар специјалист, хроничната терапија ја добиваат од матичен лекар во нивното место на живеење.
„Во тек се и подготовките за воведување нови лабораториски тестови, кои ќе им овозможат на матичните лекари да ја зајакнат својата улога во дијагностичкото упатство. Со оваа реформска мерка се зајакнува улогата и значењето на матичните лекари во здравствениот систем, се олеснува административното оптоварување и се намалува притисокот врз секундарното и терцијарното здравство, за што сведочи бројот на пациенти и рецептите што ги препишува матичен лекар за една недела. , се вели на крајот од соопштението.