Мик Џегер набргу ќе наполни 81 година и продолжува да ја воодушевува публиката во светот со препознатливите енергични изведби
Фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, на 26 јули ќе наполни 81 година, но тој сè уште ужива да биде на сцената и не планира наскоро да престане да пее, танцува по концертните сцени, од кои ја воодушевува публиката повеќе од шест децении.
„Како е да се биде на сцена на 80 години? „Како да си на сцена на 78 години. Беа потребни неколку концерти за да влеземе во ритамот, но сега сме целосно во тоа. Се чувствувам добро“, изјави Џегер, ден по распродадениот концерт.
Ролинг Стоунс моментално се на турнеја низ САД „Hackney Diamonds“, која започна на 28 април и ќе трае до 21 јули. Џегер во интервјуто ја навести можноста за концерти во други земји следната година, пишува Ројтерс.
„Ќе ги разгледаме тие понуди, каде да одиме и каде ќе биде забавно, знаете. Може да биде Европа, може да биде Јужна Америка, може да биде каде било“, мистериозно одговори Џегер.
На секој настап, Џегер командува на сцената по два часа со своите колеги од бендот Кит Ричардс (80) и Рони Вуд (77). Обожавателите велат дека Џегер сè уште изведува енергичен настап полн со вртења, скокови.
Актуелната турнеја е именувана по албумот што Стоунс го објавија минатиот октомври и добро помина кај критичарите.
Тој исто така рече дека Стоунс наскоро ќе објават и нова музика.