Мик Џегер ја запроси 44 години помладата партнерка: Рок легендата сè уште важи за голем заводник

Мелани Хемрик (37), долгогодишната партнерка на Мик Џегер (81), откри дека двајцата се вериле некое време. Во новото интервју таа изјавила дека не брзаат да застанат пред олтарот.

Таа за Ролинг Стоун изјави дека рок легендата ја запросил пред две-три години.

“Можеби ќе се венчаме еден ден, можеби не. Во моментов сме толку среќни со нашите животи што премногу се плашам да променам нешто”, беше искрена таа.

Двајцата се запознале во 2014 година во Јапонија. Тој беше таму како дел од турнејата со Ролинг Стоунс, а Хамрик беше на турнеја со американскиот балетски театар.

Тие го добија синот Деверо во 2016 година. Мик Џегер беше еднаш оженет. Беше во брак со Бјанка Џегер од 1971 до 1978 година. Беше во врска со Маријана Фејтфул, Џери Хол, Л’Врен Скот…

Покрај Деверо, тој има уште седум деца – ќерките Џејд, Карис, Елизабет и Џорџија Меј и синовите Џејмс, Габриел и Лукас.