Милановиќ е старо-нов претседател на Хрватска

Актуелниот претседател Зоран Милановиќ убедливо води по преброени над 83 проценти од гласачките ливчиња.За Милановиќ гласале 73,94 отсто од избирачите (821.709 гласови), а Драган Приморц 26,06 отсто (289.660 гласови).

Според резултатите на ДИП, во вториот круг гласале 43,86 отсто од електоратот.

На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска се гласаше на вториот круг од претседателските избори на кои учествуваа досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии

Во првиот изборен круг учествуваа осум кандидати, а Милановиќ влезе во вториот круг со 49,1 отсто освоени гласови и Приморац со 19,35 отсто поддршка од гласачите.