Миланов: Имаме недостаток на инспектори во АХВ

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 изјави дека АХВ се соочува со сериозен недостаток на инспектори, што ја отежнува спроведувањето на редовните контроли на безбедноста на храната.

„Минатата година отидоа во пензија десетина инспектори, оваа година одат 18. Најмалку 25 инспектори недостигаат“, истакна Миланов.