Милан Станковиќ станува свештеник: Пејачот ќе облече мантија и од корен ќе го смени животот! Еве што го чека најпрво на големиот празник (ФОТО)
Вестта дека Милан Станковиќ го напуштил шоуто поради закани од босанската мафија и дека тоа е една од главните причини поради кои во манастирот наоѓа утеха и сигурност, го запали регионот.
Според добро упатен извор, Милан поголемиот дел од времето го поминува во манастирот Подмајне кај Будва. Тука е и неговиот свештеник, но и близок роднина, па не треба да нè чуди што токму тоа место го избрал за да се подготви за монашкиот пат кон кој долго време се стреми преку разни обреди и задачи.
Станковиќ, таму престојуваше со месеци. Тој речиси никогаш не го напуштал ова светилиште, бидејќи сфатил дека монашкиот живот е она кон што се стреми и во кој апсолутно се пронаоѓа.
Како што сега стојат работите, во пресрет на празникот на манастирот (Успение на Пресвета Богородица на 28 август), Милан ќе добие благослов да го започне свештеничкиот живот. Во таа прилика ќе биде облечен во мантија, односно повеќе нема да носи обична облека како другите верници. Колку ќе трае неговиот пробен период, а може да биде и до три години, зависи од одлуката на игуменот на манастирот.
Да потсетиме, среде пандемијата на коронавирус, кога немаше снимање на емисии и настапи, Милан посериозно се посвети на молитвите и читањето духовна литература. Штом се укажала прилика, почнал да го посетува манастирот, каде што поминувал многу слободно време. Таму почувствувал мир и сигурност, а во разговорот со свештенството сфатил дека тоа за него е вистински животен избор, а не шоу бизнисот. Сето тоа придонесе тој да ја донесе конечната одлука да престане да пее, која не е променета ниту сега, три години подоцна.