– Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар со Црна Гора ги сподели своите очекувања за контролниот меч на стадионот „Мардан“ во Анталија.
-Не очекува исклучително квалитетен противник, со исклучително квалитетни фудбалери кои настапуваат во силни европски тимови. Мораме да го подигнеме нашето ниво, посебно во завршната фаза на реализација. Ќе има промени во составот. Тоа е целта на овие натпревари. Да ги видиме фудбалерите и нивниот квалитет и потенцијал, изјави Милевски.