Миле Зечевиќ е шеф на централниот изборен штаб на СДСМ, утврдени кадровски решенија за техничката Влада
На вчерашната седница Централниот одбор на СДСМ донесе повеќе одлуки и заклучоци.
-Врз основа на иницијативата за широк Европски фронт, Централниот одбор на СДСМ го овласти претседателот Димитар Ковачевски да формира работна група и да разговара со сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите оние кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на Унијата да се приклучат и заедничка соработка околу остварување на стратешката цел: членство во ЕУ.
-Централниот одбор го утврди Јован Митрески за кандидат на СДСМ за Претседател на Собранието до завршување на мандатот на парламентарниот состав 2020-2024 година.
-Врз основа на статутарните надлежности, членовите на Централниот одбор донесоа Одлука за утврдување на кандидати за Министри, Заменици министри и Дополнителни заменици министри во Техничката влада на Република Македонија од редовите на СДСМ.
-Кандидат за Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Централниот одбор ја утврди Славица Грковска.
-Кандидат за Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции е избран Фатмир Битиќи.
-Кандидат за Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања е избран Бојан Маричиќ.
-Кандидат за Министерка за култура е избрана Бисера Костадиновска Стојчевска.
-Кандидат за Министерка за животна средна и просторно планирање е избрана Каја Шукова.
-Кандидат за Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е избран Љупчо Николовски.
-Кандидат за Министер за транспорт и врски е избран Благој Бочварски.
-Кандидатка за Министерка за обрана е избрана Славјанка Петровска.
Централниот одбор утврди и кандидати од СДСМ за заменик министри:
-Викторија Аврамовска Мадиќ, Заменик министерка за правда.
-Маја Манолева, Заменик министерка за здравство,
-Александар Бајдески, Заменик министер за информатичко општество и администрација.
-Филип Николовски, Заменик министер за финансии.
-Мики Крстев за заменик министер за локална самоуправа.
-Кандидат за дополнителен заменик министер за внатрешни работи Централниот одбор на СДСМ го утврди Митко Бојмацалиев, актуелен Шеф на кабинет на министерот Спасовски.
-Кандидат за дополнителен заменик министер за труд и социјална политика ја утврди Јована Тренчевска, претседателка на Форум на жени и актуелна министерка.
Техничката Влада е законска обврска и сите партии треба да ја испочитуваат оваа законска обврска, да учествуваат во изборниот процес, без калкулации.
-За Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ, Централниот одбор го избра генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски.
СДСМ е подготвена и на изборите оди на двојна победа на претседателските и парламентарните избори. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат за претседател и ќе ја формира идната проевропска Влада.
-За претседавач со Централниот одбор на СДСМ е избрана Салавјанка Петровска, којашто заедно со Дашмир Афети од Желино се избрани и за нови членови на ЦО.
-Централниот одбор на СДСМ го утврди Правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидат на СДСМ за Претседател на Република Македонија на претседателските избори во 2024 година, како и Правилникот, роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за пратеници на СДСМ во Собранието на Република Македонија.
-Донесена е Одлука за свикување на Дваесет и седмиот Конгрес на СДСМ за утврдување на кандидат на СДСМ за Претседател на Република Македонија како и Одлука за свикување на Дваесет и осмиот Конгрес на СДСМ за утврдување на кандидати за пратеници на СДСМ во Собранието на Република Македонија за парламентарните избори во 2024 година.