МИЛИОНЕР ЗАПАЛИЛ ВИЛА НА МОРЕ ЗА ДА И СЕ ОДМАЗДИ НА ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА: Невидена драма, подметнал пожар, а потоа и испратил ГЛАСОВНА ПОРАКА

Милионер од Кент запали куќа на море вредна милион евра за да и се одмазди на сопругата по разводот!

Професионалниот играч на голф Френсис МекГуирк (50) бил во сопственост на куќата со поранешната сопруга Сара МекГуирк, на која претходно и испраќал пораки во кои пишувал дека ќе ја „запали куќата“.

„ Не сакав ку*вата да добие сѐ “, им рече МекГуирк на пожарникарите додека се бореа со пожарот на имот во Сендвич на 25 јуни минатата година.

МекГуирк наводно се обидел да се самоубие откако го подметнал пожарот.

Френсис МекГуирк

Таткото на три деца во петокот бил осуден на условна казна во Крунскиот суд во Кентербери.

Обвинителката Керолин Најт изјави дека МекГуирк ја запалил куќата кога знаел дека неговата сопруга не е во куќата во која живеат нивните три ќерки.

– Сара била на вечера ноќта на инцидентот. Знаејќи дека куќата ќе биде празна, пријавениот ја заклучил вратата и се обидел да запали пожар користејќи масло за јадење. Тоа не му помогна, па запали неколку перници во дневната соба користејќи запалка , рече Најт.

На судот му било кажано дека за време на инцидентот, МекГуирк и праќал гласовни пораки на сопругата во кои опишувал што прави.

– Најверојатно ќе го фрлам кучето низ прозорец – гласи една порака.

МекГвајрк своевремено бил рангиран меѓу најдобрите 700 голфери во светот.