Милионер нокаутира жена среде улица: Вознемирувачка сцена, ја удри директно во глава, таа не можеше да стане (ВИДЕО)
Инвестициски банкар нокаутираше жена на сред улица во Бруклин!
Вознемирувачкото видео го прикажува милионерот Џонатан Кеј како ја удира жената со тупаници, поради што таа паѓа неподвижна на улица. Можете исто така да видите дека недалеку од жената има уште едно лице кое се обидува да стане.
На снимката не се гледа што му претходело на инцидентот, меѓутоа, видлива е дамка на грбот на банкарот од некоја течност.
Инаку, Кеј е управен директор на една од франшизите на компанијата за деловни услуги Moelis & Co.
– Свесни сме дека еден од нашите вработени бил вклучен во сериозен инцидент во Бруклин. Ние го сфаќаме тоа многу сериозно и спроведуваме истрага – изјави портпаролот на инвестициската банка со седиште во Њујорк.
Кеј одби да го коментира случајот. Локалните медиуми јавуваат дека тој живее во луксузна градска куќа со четири спални соби вредна повеќе од четири милиони долари.
Инцидентот се случил во саботата во близина на ЛГБТ бар за време на парадата на гордоста во Бруклин.
Скотланд Јард, да потсетиме, неодамна објави вознемирувачко видео на кое се гледа како насилник пред бар во Лондон му задава смртоносен удар на познат милионер.