Милитантите на Хамас киднапираа Германка на музички фестивал и ја продефилираа низ улиците на Појасот Газа – мајката очајно бара помош: “Ве молам…“
На вознемирувачко видео кое се појави на социјалните мрежи, може да се види неподвижна девојка која милитантите од Појасот Газа ја зедоа како заложник и парадираа околу крајбрежната енклава со пикап.
Според видеото, не е јасно дали девојчето е воопшто живо.
Станува збор за Шана Лук (30 г.), девојка со двојно израелско и германско државјанство.
Нејзина роднина потврдила за Washington Post дека Шана Лук присуствувала на фестивалот „Нова“, целоноќна забава на која се слави израелскиот фестивал на жетвата „Суккот“ во близина на Реим, Израел.
На снимката се гледа неподвижното тело на Шана Лук, додека еден милитант ја држи ногата преку нејзината половина, а друг ја влече нејзината коса.
Милитантите извикуваат „Алаху Акбар“, што значи „Господ е голем“ на арапски.
Некои од луѓето собрани околу пикапот, пред пекарата и продавницата „Ал-Шалфох“, се приклучуваат на прославата, а еден маж плука по главата на девојката додека пикапот поминува покрај него.
„Ја препознавме по нејзините тетоважи, а има и долги суканици“, изјавил братучедот на Шана Лук за Washington Post и додал: „Се уште се надеваме дека таа е жива. Хамас е одговорен за неа и за другите киднапирани лица“.
„Сојузното Министерство за надворешни работи и германската амбасада во Тел Авив се во близок контакт со израелските власти за да разјаснат дали и во колкава мера настрадале германски државјани“, изјавил извор од Министерството за надворешни работи на Германија.
Откако се појави вознемирувачкото видео, изјава даде и мајката на Шана Лук, Рикарда.
„Мојата ќерка Шани Никол Лук, германски државјанин, утрово беше киднапирана од палестински Хамас заедно со група други туристи кои беа во јужен Израел“, вели таа и додава:„Добивме видео на кое јасно се гледа нашата ќерка онесвестена во автомобил со Палестинци кои возат низ Појасот Газа. Ве молиме испратете ни каква било помош или какви било новости. Ви благодарам многу“, рекла очајната мајка.