Милица Павловиќ ја најави ,,Свадба”: Пејачката доживеа незаборавно изненадување, а сега го откри датумот (фото)
Младата музичка ѕвезда Милица Павловиќ претходниот ден доживеа, како што самата вели, едно од најголемите изненадувања во животот и кариерата.
Имено, „Секси сенорита“ последните десет дена ги помина во студиото каде напорно и посветено работеше со тим од сто луѓе на екранизацијата на песните од нејзиниот петти студиски албум „Лав“, а на последното снимање доживеа големо изненадување.
Еден од нејзините блиски соработници и ги врзал очите, а потоа ја одвел во „тајната“ соба на студиото, каде што ја чекале нејзините најверни обожаватели, кои дошле да ја изненадат и да и’ дадат голема поддршка кога е во прашање новиот албум, бидејќи по овој албум, таа ќе го одржи својот прв солистички концерт во белградска арена.
Милица била многу изненадена кога и’ ги одврзале очите, толку многу што не можела да ја сокрие реакцијата, а откако разговарала со публиката донела сериозна одлука.
Бидејќи сити присутни биле тажни дека албумот нема да излезе во мај, Павловиќ во истиот момент реагирала и заедно со екипата на сетот направиле одлуката за премиера на една од песните пред објавувањето на албумот.
Премиерата на песната „Свадба“ е закажана за 29 мај, а ако им се верува на приказните кои кружат, оваа песна ќе биде големо и неочекувано изненадување за сите кои ја сакаат Милица.
– Плановите постојат за промена! Овојпат ја имам најневеројатната причина за тоа и сепак сум импресионирана. Иако не сум човек кој сака изненадувања, ова од денес е едно од најубавите што сум ги доживеала во мојот живот и кариера ! Луѓе, ви благодариме за оваа неверојатна енергија, љубов, убави емоции! Горда сум на луѓето кои ме сакаат и поддржуваат од самиот почеток на мојата кариера. И добро ме потсетивте дека ви го ветив албумот за мај. Не е до мене, сè завршив на време! Но, за да го скратам вашето чекање и делумно да го исполнам моето ветување, направив сè што е во моја моќ во овој момент и вашата ,,Cвадба” ја закажувам за 29 мај!!! И да не ви должам… ќе ви приредам уште едно изненадување за тој ден! – напиша воодушевената Милица под објавата на социјалната мрежа Инстаграм.