МИЛИЈАРДЕР КУПУВА КЛУБ НА БАЛКАНОТ – Веќе ја склопи ‘Југославија во мало’, а сега се впушта во нов голем проект каде се споменува и Вардар ?!
Турскиот бизнисмен и долгогодишен претседател на Фенербахче, Али Коч, сака да купи засега неименуван клуб на Балканот и веќе се консултирал со Един Џеко и Душан Тадиќ, пишуваат турските медиуми.
Богатството на Али Коч, еден од најбогатите Турци, се проценува на околу една милијарда американски долари благодарение на успешното работење на најголемиот турски индустриски конгломерат Koç Holding. Од јуни 2018 година, Али Коч е претседател на спортскиот клуб Фенербахче, а најновите вести од Турција сугерираат дека тој сака да инвестира во нов проект.
Пред пандемијата, успешниот бизнисмен изрази желба да купи еден од клубовите на Балканот, а за таа операција беа задолжени Романците, коментаторот Флорн Прунеа и поранешниот тренер на таа земја, Јоан Лупеску.
Проектот беше „заглавен“ поради појавата на вирусот Ковид-19, но Али Коч не се откажа од својата желба, а наводно, дел од неговиот план е и доведување на неколку играчи од просторот на поранешна Југославија.
Во тимот на Фенербахче веќе е Словенецот Миха Зајц, а летово пристигнаа Босанецот Един Џеко, Хрватот Доминик Ливаковиќ и Србинот Душан Тадиќ, кои формираа мала „екс-ју“ колонија во соблекувалната на стадионот „Шукру Сарачоглу“.
Порталот на бизнисменот пренесува дека Али Коч веќе разговарал со Един Џеко и Душан Тадиќ, добил позитивен фидбек, а двајцата фудбалери му препорачале одредени клупски имиња.
Имињата на клубовите за кои Али Коч е заинтересиран не се објавени, па за нив може само да се шпекулира.
Со оглед на тоа дека Един Џеко е многу приврзан за Железничар, кој веќе извесно време е во финансиски проблеми, може да се шпекулира дека на листата на желби е и името на гигантот од БиХ.
Истото може да се каже и за Нови Пазар, бидејќи клубот од Санџак и Фенербахче се во братски односи. Омар Фајед и Џин-хо Џо неодамна пристигнаа на позајмица од Истанбул.
Пред две години се појави приказна дека Али Коч сакал да го купи македонски Вардар, но се не успеало, а познатиот клуб од Скопје се уште бара враќање на патеките на старата слава.