Мили: Проблемот на Украинците на фронтот се минските полиња 

– Загубите што Украина ги трпи во офанзивата и нејзиното споро одвивање не е од недостиг на воздушна одбрана туку од  минските полиња на фронтот, изјави денеска генералот Марк Мили, шеф на здружениот Генералштаб на американската војска. 

Според него, Украина поседува доволно воздушна одбрана од земја со која ги напаѓа руските сили кои ги напаѓаат и руските хеликоптери во воздух. 

– Загубите шти Украина ги трпи во оваа офанзива не е толку од тоа дали воздушната одбрана е доволна или не туку од минските полиња. Тие се минирани со антитенковски мини, изјави Мили. 

Тој укажа дека специјални возила за чистење на мини се дел од средствата што меѓународната коалиција ги праќа за одбрана на Украина. 

Мили е уверен дека Украинците се справуваат според процедурите и тактиките што ги учеле на вежбите и операциите за чистење на мини ги изведуваат во текот на ноќта, „кога Русија не може да ја користи својата сила“. 

– Контраофанзивата не е неуспешна. Ќе биде долго, тешко и крваво, но долгорочно, Украинците ќе успеат, рече Мили.