Милорад Додик не гласа во просторот резервиран за гласање, гласачкото ливче го стави на маса пред новинарите

Српскиот политичар од Република Српска, Милорад Додик гласаше во Бања Лука на парламентарните избори одржани во Србија.

Но, Додик тоа не го направи во кабината резервирана за гласање, туку на масата пред бројните новинарски екипи кои имаа можност да снимаат како гласа.

Додик гласал во Генералниот конзулат на Србија во Бања Лука, пренесува Телеграфи.

Камерите го снимиле моментот кога го добива гласачкото ливче и не влегува во просторот резервиран за гласање, каде што можел да направи такво нешто што го предвидува законот – тајно гласање.

Наместо тоа, тој го стави своето гласачко ливче на масата пред многу набљудувачи и повеќе тимови на новинари, кои можеа да видат што заокружил.

Дури и ливчето го држи постојано отворено и не свиткано, за да се види јасно за кого гласа.