Милорад Додик се надмина себеси: “Тоа фашистичко ѓубре нема да ни каже што да правиме!“

Во четвртокот, водачот на босанските Срби, Милорад Додик, го нарече високиот претставник за Босна и Херцековина (БиХ), Кристијан Шмит, „фашистичко ѓубре“, го обвини Запад за сите проблеми што ги има и ги пофали источните сили како единствени посакувани партнери.

Милорад Додик со месеци тврди дека Кристијан Шмит не бил законски назначен за висок претставник за Босна и Херцеговина бидејќи назначувањето на Управниот комитет на Советот за имплементација на мирот (ССМ) не било потврдено од Советот за безбедност на ОН со недели тој ја користи секоја можност да го навреди Кристијан Шмит.

Сега, во интервју за еден медиум, тој го нарече „следбеник на фашистите и ѓубре“.

Тој е фашистичко ѓубре што дојде овде да ни раскаже некаква приказна“, кажа Милорад Додик, кој наскоро ќе мора да оди на суд токму затоа што одбива да ги почитува одлуките на високиот претставник. 

Тој го коментираше овој факт велејќи дека верува во судот и судството во кое судиите и обвинителите се муслимани.

Милорад Додик, како и повеќето негови најблиски соработници, е под санкции од САД и Велика Британија поради спроведување на сецесионистичка политика и загрозување на стабилноста на Босна и Херцеговина, а сега вели дека тоа е доказ дека најмоќните западни земји водат антисрпска политика, па тие имаат можност да се свртат кон исток.

Кога некој ќе ви подаде рака од Запад, тогаш знајте дека тоа е измама. Кога ќе ви подадат рака од исток, знајте дека договорот ќе се реализира“, смета Милорад Додик.

Тој се спореди со Слободан Милошевиќ и тврди дека и двајцата биле и остануваат на удар затоа што ги бранат Србите и Србија, а опозицијата ја опиша како квислинзи.

Како што во Владата на Анте Павелиќ имаше Срби кои беа генерали на усташката војска која изврши геноцид врз Србите, така и денес ја имате Партијата за демократски напредок (ПДП) и други“, вели Милорад Додик.

Тој ги повика денешните Срби да се однесуваат како битката сè уште да се води на Косово и кажа дека Хрватите и Бошњаците „не му пречат“, туку само додека ја чуваат својата национална и верска припадност приватно.

Тие треба да ги имаат сите права, дури и овде во Бања Лука. Религијата е нивна приватна работа и се додека е така – тоа е добро. Но, не е во ред ако се наметне тој идентитет“, заклучи Милорад Додик.