Минатата недела санкционираа 213 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје минатата недела санкционирале 213 непрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 13 до 19 февруари 2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“, санкционирани се 90 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во денешното соопштение од Општина Центар.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар