Минималната кошничка во март достигна 58.998 денари

Вредноста на минималната синдикална кошничка за месец март 2024 година изнесува 58.998,00 денари (957 евра), во однос на вредноста на минималната синдикална кошничка за месец февруари годинава е зголемена за 1.522,00 денари (24 евра).

Според Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), најголем пораст има во секторот храна и пијалаци, кој за месец март е 22.

Од податоците со кои располага ССМ, од декември 2023 до март 2024 година, само трошоците за храна и пијалоци се зголемени за 1.951 денар (31 евро), односно за 9,41 отсто.

„Вредноста на минималната синдикална кошничка континуирано се зголемува од почетокот на годината, поточно во месец март 2024 година, каде порастот е поизразен во секторот храна и пијалаци, што доаѓа како резултат на трговците кои имаат не е примено со оглед на апелот на ССМ и само во интерес на зголемување на нивниот профит, енормно ги зголемија цените на прехранбените производи, што резултира со неправедни постапки на трговците, и осиромашување на работниците и граѓаните, а по престанокот на ценовните мерки замрзнати “, се наведува во денешното соопштение на ССМ.

Поскапувањето, велат од ССМ, придонесува за губење на куповната моќ на работниците и граѓаните.

„Затоа, со новото зголемување на минималната плата од март 2024 година, која според пресметките ќе биде околу 22.567,00 денари (366 евра), нема позитивно да се одрази на стандардот на граѓаните.