Вредноста на минималната синдикална кошничка за месец ноември 2024 година изнесува 62.021,00 денари, информираат од Синдикатот на Македонија. Стан од 60 квадрати за месец ноември се издава за 77.396,00 денари.
Споредено со вредноста на минималната синдикална кошничка за октомври 2024 година, која изнесува 61.249,00 денари, таа е зголемена за 772,00 денари.
„Од податоците за вредноста на минималната синдикална кошничка се гледа дека некој се збогатува на сметка на граѓаните и работниците, а не ги почитува мерките на Владата кои беа создадени за помош на граѓаните со ниски примања. велат од СМ.
Трговците, како што се наведува во соопштението на СМ, покажуваат дека немаат општествена одговорност ниту почит кон Владата, ако се има предвид дека вредноста на минималната кошничка на Синдикатот во категоријата храна и пијалаци, еден ден по завршувањето на Владината мерка повторно е зголемена за 609 денари, додека вкупната минимална синдикална кошничка за 772 денари и со иста вредност е 62.021,00 денари.
„Трговците ја искористија најавата на претходната мерка на Владата и неправедно ги зголемија цените во септември, со што вредноста на категоријата храна и пијалаци се зголеми за 717 денари, со мерката се намали за 965 денари, додека денеска имаше и поскапување за 609 денари“, велат од СМ.
Од таму нагласуваат дека вредноста на минималната синдикална кошничка за месец ноември 2024 година, која изнесува 62.021 денари, во однос на минималната синдикална кошничка од јануари 2024 година (57.163,00), е зголемена за 4.858,00 денари, односно за 8,5 отсто. Што се однесува до храната и пијалоците, синдикалната кошничка за месец ноември изнесува 22.678,00 денари во однос на јануари 2024 година (21.007,00 денари), таа е зголемена за 1.671,00 денари, односно за 7,9 отсто.