– Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу учествува на годишниот самит на Светскиот економски форум (СЕФ) 2023 година во Женева, Швајцарија.
Како што информира МИОА, Форумот се одржува на втори и трети мај и вклучува неколку сесии на тема: „Работа“ и „Можност за сите“.
Светскиот економски форум е меѓународна организација за јавно-приватна соработка која ги ангажира клучните политички, деловни, културни и други општествени лидери за формирање на глобалните, регионалните и индустриските агенди.
– Целта на овој самит е да даде можност да се разговара за вработување, политика, политики или иновативни идеи, да се идентификуваат и оценат клучните предизвици на економскиот раст, да се поддржи прилагодувањето на приватниот сектор со иновативните социјални практики и да се идентификуваат мерките коишто треба да се преземат за поконкурентна економија во регионот, се вели во соопштението.
„Науката и технологијата“ беше насловот на една од сесиите на која министерот Алиу и другите учесници разговараа за прашањата за сајбер безбедноста и за тоа како деловните и политичките лидери можат да мобилизираат колективен одговор за заштита на критичните средства и ублажување на системската штета додека хибридните напади стануваат се пософистицирани.
-Индустријата и универзитетите, формалното и неформалното образование треба силно да соработуваат за да може да се изготват курикули и студиски програми во врска со технологиите и потребите на индустријата. Значи, ова е единствениот начин да се забрза процесот и да се остане во чекор со времето, се наведува во соопштението од МИОА.