Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе го прими министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, кој доаѓа во официјална посета на Република Македонија.
Како што соопштија од МНР, во фокусот на разговорите меѓу Муцунски и Фидан ќе бидат билатералните политички односи, зајакнувањето на економската соработка, искористувањето на можностите за инвестирање и унапредување на соработката во други области од заеднички интерес.
Според агендата, двајцата министри најпрво ќе имаат средба во четири очи, потоа билатерална средба на која ќе присуствуваат делегации од двете министерства, а потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.
Фидан ќе го посети и Собранието на Република Македонија каде ќе оствари средба со спикерот Африм Гаши.