Министерот за одбрана на Украина тврди: “Ќе продолжиме со напади врз мостот на Крим, како легитимни цели“
Министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников, денес изјави дека Украина ќе продолжи со нападите кон привремено окупираниот Крим и на мостот Керч.
Во интервју за CNN, тој кажа дека „сите овие цели се легитимни“, бидејќи нивното гранатирање ќе ја намали способноста на Русите да се борат против Украина и ќе помогне да се спасат животите на Украинците, пренесуваат украинските медиуми.
„Нормална тактика е да ги уништите логистичките линии на вашиот непријател за да ги спречите да добијат повеќе муниција, гориво, храна и слично. Затоа ќе ја користиме оваа тактика против нив“, вели Алексеј Резников на прашањето дали целта на Украина е трајно да го оневозможи мостот.
Зборувајќи за тоа дали Украина планира да нападне руски бродови во Црното Море како одговор, Алексеј Резников кажа дека Украина има потенцијал.
„Имаме оружје, како што беше случајот со крстосувачот ‘Москва‘, и ако ни се закануваат во Црното Море, ќе мора да одговориме“, вели тој.