Министерот Крешник Бектеши во официјална посета на Вашингтон

Министерот за економија Крешник Бектеши од денес престојува во тридневна официјална посета на Вашингтон, САД.

Во рамки на посетата министерот Крешник Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, ќе учествува на Конференцијата организирана од невладина организација „Трансатлантската лидерска мрежа“, посветена на Западен Балкан и ќе се обрати на тема „Енергетска диверзификација: Кон европската енергетска независност“.

Крешник Бектеши ќе се и обрати на тркалезна маса, во организација на „Атлантскиот Совет“ со експерти/надворешни соработници кои работат на Западен Балкан на кои ќе им ги презентира економските и енергетските потенцијали на земјата.

Во рамки на посетата Крешник Бектеши ќе оствари и билатерална средба со американскиот помошник државен секретар за енергија Џефри Пајат, како и други високи претставници во Стејт Департментот.