Министерот Османи ќе учествува на Дубровник форум 2023

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска е во работна посета на Република Хрватска, каде што ќе учествува на Дубровник форум 2023.

Османи денеска ќе се обрати на панелот „Западен Балкан: Нов евро-атлантски моментум”, а на маргини на форумот ќе оствари и неколку билатерални средби.

Министерот за надворешни работи ќе разговара со заменик претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел, со Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и со министерот за надворешни работи на Република Ерменија, Арарат Мизорјан.