Министерството за здравство на Газа соопшти дека во последните 24 часа загинале 241 Палестинец, а 382 се ранети.
Тие исто така соопштија дека во израелските напади врз Газа загинале 20.915 луѓе, а 54.918 се повредени.
Сега, портпаролот на Министерството за здравство од регионот, Др. Ашраф Ал-Кудра зборуваше за најновите бројки, пренесува skynews .
Multiple people killed and injured after the targeting of the Palestinian Red Crescent headquarters with Israeli army artillery shells in Khan-Younis pic.twitter.com/BqishtdheR
— TIMES OF GAZA (@Timesofgaza) December 26, 2023
Тој рече дека израелските војници „извршиле 18 масакри врз цели семејства“, што резултирало со смрт на 241 лице.
„Се плашиме дека таргетирањето на околината на медицинскиот комплекс Насер е повторување на сценариото што беше спроведено против медицинскиот комплекс Ал-Шифа и болниците во северна Газа“, рече тој.
„Ги повикуваме меѓународните институции да го заштитат медицинскиот комплекс Насер и да го заштитат медицинскиот персонал, ранетите, болните и илјадниците раселени таму.
Инаку, израелската офанзива против милитантите на Хамас започна по нападите на последниот на 7 октомври на израелските територии.