Министерството за здравство го раскина договорот со фирмата којашто осум години ја градеше новата Клиничка болница во Штип
Министерството за здравство го раскина договорот со фирмата којашто осум години ја градеше новата Клиничка болница во Штип. Побарано да се активира банкарската гаранција, бидејќи изведувачот не ги испочитувал предвидените рокови.
Владата на седница одржана во вторникот, ги задолжи институциите да направат пресек и да се подготви нов тендер за изградба на болницата.
Објектот почна да се гради во март 2016-та, а требаше да биде готов во 2018-та година.