Министерството за здравство ќе ги води процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на жртвите и повредените во Кочани

Министерството за здравство (МЗ) ќе ги води процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на жртвите и повредените во дискотеката во Кочани. Ова денес го изјави министерот за здравство, Азир Алиу, на брифинг со новинарите.

„Имавме неколкучасовен состанок со експерти, родители, млади луѓе кои беа директно погодени од трагедијата итн. Одлучивме дека е крајно време Министерството за здравство, заедно со Владата, да преземе лидерство во координирањето на сите процеси, во врска со тоа какви донации се потребни. Министерството ќе ја предводи работната група, во која ќе бидат вклучени и претставници од други институции. Во недела ќе ви ги кажеме и имињата на луѓето од работната група, како да ги контактирате. Пред нас се приоритетите, краткорочните и долгорочните процеси“, нагласи тој.

Алиу информираше дека ќе биде отворен и иновативен мултифункционален центар, кој ќе нуди разни услуги, содржини и простор за млади луѓе и други во Кочани.