Министерството за правда интензивно работи на измени на Законот за Судскиот совет и Кривичниот законик

Во изминатиот период беа формирани работни групи за изготвување на предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет и предлог измени на Кривичниот законик, информираат од Министерството за правда.

За претседател на работната група за изменување и дополнување на Законот за Судски совет именувана е Мирјана Лазарова Трајковска, судија во Врховен суд на РСМ.

Членови на работната група се:

1. Д-р Денис Прешова, вонреден професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први” – Скопје;

2. Д-р Александра Деаноска Трендафилова, професорка на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” – Скопје;

3. Александар Камбовски, Претседател на Судски совет на Република Северна Македонија;

4. Аритон Ала, член на Судски совет на Република Северна Македонија;

5. Зоран Герасимовски, судија во Апелационен суд Скопје;

6. Исмета Амет, судија во Виш управен суд на РСМ;

7. Ивана Петковска, претставник на БЛУПРИНТ групата на граѓански организации;

8. Јелена Кадриќ, претставник на БЛУПРИНТ групата на граѓански организации;

9. Александра Цветановска, посебен советник на министер во Министерство за правда на РСМ;

10. Николина Микеска Костадиновска, раководител на сектор правосудство, Министерство за правда на РСМ.

За претседател на работната група за изготвување на предлог измени на Кривичниот законик именувана е д-р Александра Деаноска Трендафилова, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје.

Членови на работната група за измени и дополнувања на кривичниот законик се:

1. Цветанка Периќ, судија во Врховен суд на Република Северна Македонија;

2. Елвин Вeли, јавен обвинител во Јавно Обвинителство на Република Северна Македонија;

3. Даниела Алексовска Стојановска, судија во Основен кривичен суд Скопје;

4. Владимир Туфегџиќ, адвокат;

5. Жарко Хаџи-Зафиров, претставник на БЛУПРИНТ група на граѓански организации;

6. Никола Прокопенко, државен советник за казнено законодавство во Министерство за правда на РСМ.

Очекуваме во најскоро време работните групи да излезат со предлог законски решенија, соопштуваат од ресорот правда.