Со новиот Закон за помилување што е предложен од Министерството за правда, а разгледан и одобрен на седница на Влада, претседателот на државата може да помилува само за казнување, а не и за кривично гонење на одредени лица.
При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства, како што се решенијата содржани во правните системи во земјите членки на Европската Унија и оние држави со кои имаме слични правни системи.
Причините за донесување на Законот за амнестија произлегуваат од недостатоците и правните дупки во постојниот закон кои се констатирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно уредување на одредени прашања регулирани со Предлогот.
Важно е да има прецизни рокови и до крај да се прецизираат надлежностите на сите вклучени страни во процесот. Меѓу другото, се врши терминолошко усогласување на посебните имиња и поими. Имено, со овој Предлог на закон за помилување се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени да поднесуваат барање за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето.
Разработена е и постапката за помилување каде децидни се одредбите за одговорност на лицата кои постапуваат во предметите, како и на нивните претпоставени.