Министерството за правда потврди дека Законот за амнестија нема да се носи под европско знаме

Министерството за правда ги нарече неосновани тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека законот за амнестија ќе се спроведува по скратена постапка со европско знаменце.

„Министерот за правда Кренар Љога уште од првиот ден, дури и на медиумската конференција одржана минатата недела, јавно кажа дека овој закон нема да се спроведува со европско знаменце, и дека тој самиот е против злоупотребата на европското знаме за спроведување на законот . ВМРО-ДПМНЕ да не заземаат став, кога од првиот ден беа информирани за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон е потпишан и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО-ДПМНЕ да ги амнестира своите поранешни избрани и именувани членови, таков закон нема да има“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Што се однесува до најавите за заминување од Собранието на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува во соопштението, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата земја.

„Недостигот на став за важни прашања и политики за блокада најдобро се изразува со напуштање на Собранието и ова е поздравен гест од наша страна. Можеби вака Христијан Мицкоски сака да и помогне на татковината со тоа што ќе го отвори просторот за гласање на уставните измени и ќе го отвори патот кон ЕУ“, се вели во соопштението на Министерството за правда.