Министерство за здравство: Паднатиот потпорен ѕид зад Детската клиника е изграден на државно земјиште, не е во наша надлежност

Од Министерството за здравство информираат дека во случајот со падот на потпорниот ѕид зад Клиниката за детски болести, тој е изграден на државно земјиште и Министерството нема запишано право на трајно користење на земјиштето.

„Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема трајно право на користење на земјиштето околу клиниките. Во интерес на граѓаните, потребно е итно решение да се најде во заеднички напор со надлежните институции, Град Скопје и општина Центар, кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, бидејќи тоа е пат, а надлежните инспекциски служби даваат мислење за тековно обезбедување“, соопшти Министерството за здравство.