Министерство за здравство: Сите пациенти со дијабетес ја добиваат потребната терапија

Од Министерството за здравство велат дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска и антидијабетична терапија бидејќи денеска Лигата на здруженија на дијабетичари изрази незадоволство од буџетот за 2025 година за инсулинска терапија.

„Потенцираме дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија со инсулин и антидијабетици. Исто така, со новата двегодишна јавна набавка ќе се обезбеди современа здравствена терапија. Во соработка со надлежните институции континуирано се прават напори за обезбедување дополнителни средства за медицинска опрема за пациентите со дијабетес“, се наведува во соопштението упатено до јавноста.

Од ресорното Министерство посочуваат дека согласно воспоставената практика, консултирани се и претставници од Лигата на здруженијата за дијабетичари за актуелните предизвици со кои се соочуваат пациентите.