Министерство за надворешни работи на Русија: „Уривањето на авионот Ил-76 е терористички напад“ (видео)

Нападот на Киев врз авионот Ил-76 е извршен свесно и намерно, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека Москва одлучно го осудува терористичкиот напад на режимот на Киев во регионот на Белгород.

– Уривањето на авионот Ил-76 претставува терористички напад, уште едно злосторство извршено од криминалното лоби на Зеленски – се наведува во соопштението.

Претходно денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека во 11 часот и 15 минути, Киев извршил терористички акт во кој беше соборен руски воен транспортен авион. Авионот со украински војници за размена летал на релација Чкаловски-Аеродром Белгород.

Како што се наведува во текстот, авионот бил соборен од Вооружените сили на Украина од Липци, регионот Харков, со помош на противвоздушен ракетен систем.

Радарската опрема на руските воздушни сили снимила лансирање на две украински ракети.

Во авионот имало шест членови на екипажот, 65 украински војници за размена и тројца руски војници кои ги придружувале.

Екипажот и сите патници на авионот загинаа.