Тројца министри од таканаречениот „Славков“ или „Аустерлик“ формат и тоа: министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешката Република, Јан Липевски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски денеска ќе престојува во посета на нашата земја.
Како што соопшти МНР, тројцата шефови на дипломатиите се овластени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија, Жозеп Борел, да ги пренесат официјалните позиции на ЕУ за прашања поврзани со нашето досие за членство во ЕУ.
Делегацијата на Европската Унија најави дека министрите ќе се сретнат со домаќинот, министерот за надворешни работи Бујар Османи, со претседателот на државата Стево Пендаровски, како и со претседателот на Собранието Талат Џафери, а ќе се сретнат и со лидерот на опозицијата, а ќе имаат одвоени средби со пратениците на опозицијата и на владината коалиција.