Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин телефонски разговарал со неговиот руски колега Андреј Белоусов, соопшти Стејт департментот.
Остин и Белусов, според информациите од Стејт департментот, кратко разговарале, но темата на разговорот останала тајна.
По повод овој разговор, американското Министерство за одбрана изјави и дека „важно е да се одржат отворени линии на комуникација“ поради ситуацијата во Украина.
Од руското Министерство за одбрана тврдат дека разговорот меѓу двајцата колеги е покренат на нивна иницијатива.
Иако се претпоставува дека темата била руската агресија врз Украина, некои аналитичари укажуваат и на најавата на САД дека од 2026 година ќе стационираат ракети со долг дострел во Германија.
Руските власти бурно реагираа на оваа одлука на САД и Германија, дури и најавија „воен одговор“.