Минијатурната танга на Ким Кардашијан повторно мета на критки од критичарите – ријалити ѕвездата го покажа своето тело а обожавателите повторно разочарани (фото)
Најпознатата ријалити-ѕвезда во светот, Ким Кардашијан, за време на модното снимање на плажа во Малибу се појави во минијатурен розов костим за капење и со тоа повторно крена прашина во медиумите на сметка на нејзиниот изглед.
Веќе неколку години се шпекулира, а Ким и самата вели дека сака да го промени својот изглед, односно дека сака да ослабе и да се откаже од своите препознатливи облини. За минатогодишната Мет Гала, таа си даде голем предизвик, кој, според експертите, беше и ризик по здравјето бидејќи подлегна на ригорозна диета, се со цел да го носи иконскиот фустан на Мерлин Монро од 1962 година. Таа кажа дека изгубила седум килограми за модниот настан и тврдеше, заедно со нејзиниот тренер, дека слабеењето не е екстремно.
Ким навистина ослабе, но не екстремно, облините се уште ги има, како што покажуваат ексклузивните папарацо фотографии од Малибу.
Телевизиската ѕвезда неодамна ја објави модната кампања на нејзиниот бренд со видно фотошопирани фотографии на кои изгледа послабо, а потоа следеше уште една серија фотографии од неа во костим за капење кои се поблиску до она што го гледаме на новите фотографии од неа.
Како ви се допаѓа новиот изглед на Ким Кардашијан и дали мислите дека нејзината диета навистина функционираше ?