Миризливите свеќи можат да бидат поопасни од цигарите

Релаксирана вечер со книга или филм има уште поубава атмосфера со миризливи свеќи, особено за време на празничната сезона. Но, дали се штетни за здравјето? Празничните миризливи свеќи може да бидат поштетни за здравјето отколку цигарите, предупредуваат истражувачите.

Согорувањето на миризливи свеќи ослободува токсични гасови, како што се јаглерод моноксид и испарливи органски соединенија. Истражувачите откриле дека концентрациите на честички во воздухот може да бидат и до 15 пати повисоки од препораките на Светската здравствена организација и дека на собите им е потребно подолго време за да се вратат на нормални нивоа. Најголем удар е забележан во мали и слабо проветрени простории.

Асит Кумар Мишра од Универзитетскиот колеџ Корк и Др. Мари Когинс од Универзитетот во Голвеј предупреди вонсписанието The Conversation дека миризливите свеќи и пушењето, заедно со блокираните отвори и затворените прозорци, ја зголемуваат изложеноста на штетно загадување на воздухот, пишува The Sun.

Согорувањето на свеќи или стапчиња за темјан произведува сложена мешавина од хемикалии и честички, вклучувајќи токсични гасови како што се јаглерод моноксид, сулфур диоксид и азотни оксиди. Овие честички можат да предизвикаат краткорочни проблеми како што се кашлање, кивање и иритација на очите, носот, грлото и белите дробови. Долготрајната изложеност го зголемува ризикот од срцеви заболувања, рак на белите дробови и хроничен бронхитис и ги влошува постоечките состојби како што е астмата.

Авторите истакнаа дека дури и „природните“ домашни мириси можат да испуштаат штетни нивоа на загадување и токсични хемикалии.