Мирнеса изненадува од затвор! Ја бараше цела Германија а сега сака да се омажи: Ова е нејзиното момче
Мирнеса С (42) која издржува тригодишна затворска казна во Германија поради кражба на 1,25 милиони евра од компанијата за транспорт на пари каде што работела, ја изненади јавноста со вестта дека таа може наскоро да се омажи.
– Заљубена сум, свршена и ја чекам свадбата. Би сакала што поскоро да добијам дозвола за брак, изјавила Мирнеса кога пред неколку дена ја посетиле новинарите на германскиот РТЛ и ја прашале која е нејзината новогодишна желба.
Мирнеса никогаш не го запознала одбраникот. Тие не се виделе, но се допишуваат. Таа откри дека и тој е во затвор за грабеж и ќе остане таму најмалку до октомври 2026 година.
– Се веривме и веќе го поднесовме барањето за свадба, но ќе треба време да се завршат сите дозволи, вели Мирнеса.
На прашањето зошто им се брза кога и двајцата се во затвор, Мирнеса рече дека тоа им била единствената шанса да се сретнат. Имено, забрането е лично запознавање или видео разговор преку Интернет. Но, сето тоа би било можно доколку таа и нејзиниот вереник се венчаат.
Мирнеса С. не се сомнева дека нејзиниот вереник овојпат е вистинскиот.
– Толку сме слични, неверојатно, од ова што го пишуваме се гледа дека неверојатно добро се сложуваме. Едноставно подобро ги запознавате луѓето преку кореспонденција. Ова е толку интензивно. Секогаш сакав некој кој сака и деца. Некој кој едноставно ја чита секоја женска желба, кој кон жената се однесува како дама. Требаше да завршам во затвор за да го запознаам човекот од соништата, заклучила Мирнеса.
Таа е во контакт со мајката на нејзиниот вереник
Мирнеса откри дека е во контакт и со мајката на нејзиниот вереник. Таа рече дека не бара љубов во затвор или друг криминалец, но се заљубила.
– Бев или станав криминалец, но тоа не ме прави полоша личност. Не треба веднаш да осудувате лице само затоа што извршило едно или повеќе злосторства. Човек може да се промени. Старееш, размислуваш поинаку – вели Мирнеса.
Истото и со нејзиниот вереник. Тој исто така сака да започне нов живот, вели таа.
– Само нормален живот со мала куќа на село. Оставајќи го минатото зад себе. А има и планови за формирање семејството, открива Мирнеса.
Цела Германија гледаше
Мирнеса С. по потекло е од Бусовача, каде што живеела извесно време, а родителите наводно се откажале од неа. Татко и’ починал пред неколку години, а мајка и’живее во Германија. Мирнеса има брат близнак и уште една сестра. Како што рече, поради љубов, на 14 октомври 2022 година украла повеќе од еден милион евра од компанијата за транспорт на пари во Штутгарт каде што била вработена. Кражбата била откриена истиот ден, а полицијата започнала потрага по Мирнеса, која станал најбараниот бегалец во Германија.
За Мирнеса дури беше објавена и награда во износ од 37.500 ева. Мирнеса за време на нејзиното бегство неколку месеци беше речиси секој ден во медиумите. Нејзините соседи велеа дека живеела затскриено, пријателите велеа дека сакала луксузен живот кој не можела да го има, а пред сè се стремела кон љубовта. Од друга страна, многумина на социјалните мрежи го прославија потегот на Мирнеса и ја исмеваа полицијата.
Таа беше уапсена на аеродромот во Штутгарт на крајот на јануари годинава кога преку својот адвокат објави дека ќе се предаде. Брзо била осудена на три години затвор, а парите што ги украла сè уште не се пронајдени.
По апсењето раскажала како се заљубила во 28-годишниот Роберт С., кого го запознала само две недели пред да направи спектакуларна кражба од милион долари во октомври минатата година. А токму Роберт ја убедил да ја изврши оваа кражба, кој ја фабриката во која работел. Тој исчезнал со парите, а таа потоа решила да се предаде.