Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст фокусиран на мировните преговори во Украина

На овој министерски состанок на НАТО слушнавме многу поинаква реторика од претходната средба на министрите за одбрана, но и од пораките од минатогодишниот Самит на Алијансата во Вашингтон, изјави министерот за одбрана во Република Македонија, Владо Мисајловски, по денешната седница на Северноатлантскиот совет во Брисел.

„Сега со новата администрација предводена од претседателот (на САД, Доналд Трамп), имаме сосема поинаков контекст и различни контури и постојано се зборува за мировниот план, што јас апсолутно го поздравувам.

Тие нови контури ќе значат преговори како да се постигне мирно решение, но од друга страна и за сите обврски што ќе ги има Европа“, потенцира Мисајловски.

Мисаловски вели дека сега се зборува за различни видови преговори, за тоа што се случувало низ историјата, но и за тоа како големите сили можат да бидат предводници на напорите за постигнување мир во Украина.

Реториката поттикнува дека во наредниот период може да се постигне мир“, додаде Мисајловски.